Симона: Доста се криете зад Фејсбук и Инстаграм, излезете и јавно кажете

0

Доста се криете зад лажни Фејсбук профили и седите по кафулиња, излезете и кажете дека саакате чист воздух , порача студентката Симона на денешниот протест против загадувањето.

Таа реагираше што на протестот дошле околу само еден процент од сите десет илјади луѓе кои на Фејбук најавиле дека ќе присуствуваат.

На власта, пак и порача дека мора да преземе мерки против загадувањето, зашто во спротивно ќе расте стапката на смртност

– Оваа држава треба да се бојкотира, сите патишта да се блокираат, бидете малку свесни за тоа што го живеете. Вие може ќе си одите за година – две , но стапката на смртност ќе порасне, ќе умираме од астма , ќе умираме од рак, респираторните патишта ни се загушени. Доста сме активни само на Фејсбук и Инстаграм , излезете и кажете дека сте дошле да се борите за чист воздух, рече Симона.

Претходна статијаСе испопсуја меѓу себе: Желбата за себепромоција го уништи синоќешниот митинг
Следна статијаСара Леши одамна е мажена во Америка, но сега ќе стане и сопруга на Сенатор (ФОТО)