Калиопи е навистина голема: Во публика на нејзиниот концерт седеа поранешниот сопруг и неговата жена

0

Изминатата недела нашата пејачка Калиопи пееше пред преполниот Сава центар во Белград, а на концертот дојдоа голем број познати личности, пишува српски Блиц. Со песната „Зајди, зајди“ го отвори концертот, а потоа ја разигра публиката со песната „Љубав није за мене“. Поранешниот сопруг на Калиопи, Ромео Грил, со кој пејачката долго соработува, првпат дојде на нејзин концерт.

Чекал да биде Белград, а како што истакнува за српските новинари од Блиц.рс, на концертот дошол со сегашната сопруга.

Не доаѓам како поранешен сопруг, туку како продуцент. Калиопи е голем уметник, пред се. Едно е да бидеш само пејач, а таа е нешто друго, истакнува Ромео кој во првиот ред седеше со сопругата која очигледно ги избегнуваше камерите и фотографите.

Во публиката имаше повеќе познати, а од првиот ред концертот го следеа: Рада Ѓуриќ, Огњан Радивојевиќ со сопругата, Бранка Невистиќ, Жељко Самарџиќ со ќерката, Стева Анѓелковиќ со сопругата, како и девојките од „Фрајле“.

Претходна статијаNational Geographic: Без разлика дали ќе стават Северна или не пред името, Македонија треба да се посети
Следна статијаМелита распали по порталите: Ај мене што ме офирате, но зошто им дигате акции на моите бивши