Поранешниот заменик-генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, а сега активист, Петар Богојески денеска е во Хелсинки каде се одржува Конгресот на Европската народна партија (ЕПП). Во изјава за „Фокус“ вели дека добил специјална покана од претседателот на ЕПП.
-Денеска сум учесник на Конгресот на ЕПП, по специјална покана од претседателот Жозеф Дол. За мене е голема чест да бидам учесник и да се запознаам од блиску со реалното спроведување на демократски практики при донесување на конгресните одлуки.
Секако дека оваа можност ја користам за низа разговори со највисоки претставници на ЕПП и партиите членки, за што подетално ќе информирам после завршување на Конгресот во текот на утрешниот ден. Темата секако е европската агенда на РМ и ВМРО ДПМНЕ, вели Богојески.
На прашањето дали на Конгресот се сретнал со делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Христијан Мицкоски, тој вели:
-До овој момент не се имам сретнато со други претставници од Македонија. Мислам дека во тек на утрешниот ден ќе ја имам и таа можност,