Оваа недела на своите тинејџерски денови се потсетува Виктор Апостоловски – шармантниот, талентиран и секогаш насмеан миленик на публиката.
„Колку и да изгледам бунтовно и незаинтересирано, отсекогаш сум си ја гледал својата работа. Основното образование го завршив со сите петки и средното исто така.
Тоа не значи дека сите предмети ми биле омилени или дека сум бил „бубалица“. Учев пред тестови. Но, секогаш кога бев на час, внимателно слушав и истовремено учев. Дома требаше само да ја прочитам лекцијата и да знам сѐ“, откри во едно интервју Виктор.
Виктор периодов е потполно посветен на музиката, за која вели дели дека се интересирал уште од најрана возраст.
„Иако омилен предмет на училиште ми беше физичко, интересот за музиката кај мене е од најмала возрат. Имам снимки од мојот втор роденден на кои сум со мојата омилена играчка – саксофонот. Музиката е дел од мене од самиот почеток и ќе биде до крајот“, вели тој.