Повеќе не е русокоса: Македонската фолкерка направи драстична промена и сега изгледа вака (фото)

0

Жените често правиме промени кога станува збор за физичкиот изглед и кога не сме задоволни од некои свои физички особини.

Некои одат на разни козметички третмани за лице, некои на масажи против целулит или па прават драстични промени кои ќе ги направат да бидат задоволни сами со себе.

Татјана Лазаревска со својот сопруг Новица пред неколку години се пресели во Австралија и за порталот ЕстрадаПлус на тема на својот нов живот во Австралија и дали и недостига Македонија изјави:

А што мислите зошто сум тука?.. Ние сме Македонци, Македонија е дел од нас и ние сме дел од неа. Тоа и да сакаме да го смениме не можеме. Среќа што не сакаме да го смениме. Ние го сменивме само местото на живеење, и на Марс да се качиме, повторно ќе бидеме Македонци и среќни.

Ние сме слободни уметници со слободен дух, да го смениме местото на живеење не значи ништо. Таму сум со фамилијата, и не ми е важно каде сум туку со кого сум. И во Македонија бев среќна и таму сум среќна и на Марс да се качам ќе бидам среќна.

Македонската фолкерка Татјана Лазаревска која заедно со нејзиното семејство живее во Австралија, овојпат ја смени бојата на косата.

Иако Татјана ни е позната по кратката русакоса, сега реши да ја офарба во розова.

Пејачката на социјалните мрежи се пофали со новиот имиџ.

Веруваме дека Лазаревска е задоволна со својата нова фризура, а како вам ви се допаѓа?

Извор: Вистина

Претходна статијаЗа да ја свртите среќата на ваша страна, еве што треба секој знак да направи до крајот на 2018
Следна статијаСоседите од селото жестоко распалија по Дарко Лазиќ: „Глумеше тука некој шериф, како вистински мафијаш“!