ПОЦ го поскапи паркирањето во општина центар, ова се новите зони и цени

0

Директорот на ЈП „Паркинзи Општина Центар“ Васко Кичевски вели дека направиле промена на опфатот на зоните, па со тоа тие добиле и нови цени. Со промена на опфатот се менува и дозволеното време за паркирање односно сега во населбите Капиштец и Буњаковец возилата ќе можат да се паркираат само два, наместо 3 часа.

„Поради големите гужви направена е измена на зоните. Досега зона 01 беше само Градски парк каде паркирањето е 50 денари и сега во таа зона влегува и Дебар маало. Капиштец и Буњаковец од зона 2 преминуваат во зона 1 каде еден час паркирање чини 40 денари. Населбата Пролет останува во зона 2 каде паркирањето е 30 денари од час“, вели Кичевски.

Од претпријатието велат дека за побрзо информирање на граѓаните за промените во зонската поделба, обновени се старите 99 информативни табли, а во наредните неколку дена ќе постави и 88 нови табли, што значително ќе им го олесни користењето на услугите на граѓаните коишто ги користат паркиралиштата со кои стопанисува претпријатието.

Извор: Инфомакс

Претходна статијаИзјава на Павков по големата победа на Звезда над Ливерпул
Следна статијаМе избрка од дома за постара, а сега не знае дека станал татко