По бегството на Груевски, Јанакиевски и Божиновски однесени во притвор во Шутка

0

По бегството од законот на поранешниот Премиер на Република Македонија и Претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во Унгарија, утринава, како што информира Телма од свои извори, а кои ги потврдиле директорот на затворот Шутка, во притвор биле однесени најблиските соработници на Груевски, Миле Јанакиевски и Кирил Божиновски.

Јанакиевски е обвинет во повеќе случаи на СЈО, а тој вчера остро реагираше на информацијата дека неговиот поранешен шеф пребегал во Унгарија:

“Најостро го осудувам ваквиот чин, бидејќи ќе влијае негативно на судските предмети во целост, а посебно во оние предмети каде сме заедно обвинети“. – изјави синоќа Јанакиевски.

Со реакции вчера се јавија и Гордана Јанкуловска и Владимир Пешевски, кои исто така разочарано го осудија бегството на Никола Груевски. Сега тие и покрај тоа што редовно се јавуваат на судските покани и се присутни на рочиштата, се соочуваат со најригорозната мерка на обезбедување, а тоа е притворското одделение во затворот во Шутка.

Претходна статијаГруевски го разочара и вознемири и Пешевски: Најостро го осудувам овој чин
Следна статијаПролетта во Ноември заврши – следуваат температури во минус, дожд и снег на планините