Општина Центар се извини за нечовечкото однесување и најави санкции за своите комунални редари

0

Општина Центар преку соопштение се извини за денешниот инцидент кај ТЦ „Буњаковец“ кога двајца комунални редари ја избркаа бабичката која продаваше бадеми и лешници, при што и ја превртија кутијата, па таа ги собираше едно по едно.

-Општина Центар се извинува за грубото и нехумано однесување на двајцата комунални редари вработени во Секторот за инспекциски работи во општината.

Нивното однесување денеска со право ја вознемири и револтираше јавноста.

Општина Центар ќе ги преземе сите неопходни мерки за утврдување на вината и санкционирање на двајцата вработени.

Нагласуваме дека вакво однесување кон граѓаните нема да дозволиме бидејќи и избраните лица и општинската администрација работат и ќе работат во интерес на сите жители на Центар, соопшти Општината.

Пред 15 минути, бев сведок на нечовечност , нехуманост, незнам како да го наречам – Животно не е бидејќи тие имаат чувства, човек па ич , туку суштество без ниту малку жал….Сигурно ја знаете бабичката која секој ден седи пред "Солета" на Партизанска – карши пазарот "Буњаковец" која продава малини, бадеми, лешници , ореви, и било што само за да заработи некој денар.Кој живее во близина, работи, и поминува неможе да не ја забележал и запамтил тој мил глас кој довикува " Ајде малини, бадеми, тазе лешници", само за да продаде и да заработи некој денар.Епа ова суштество во црната јакна ( незнам дали беше инспектор од негде ) заедно со неговиот колега во кафената јакна од страна ( кој само се смееше и исмејуваше на ситуацијата ), најпрвин зема и ја преврте гајбата со робата, и ја истури од торбата на женичката целата роба, ( момент кој не успеав да го фатам додека уклучам камера), дерејќи и се со секакви погрдни зборови се со цел да привлече повеќе внимание на сметка на омаловажување на оваа мирна бабичка.Откако бабичката ги собра повторно кесите, истиот зема ги искина кесите и и ги истури БАДЕМИТЕ на целиот тротоар, а женичката зрно по зрно ги собираше !! Не би сакал повеќе да објаснувам погледнете го видеото и ќе ви стане јасно за што зборувам….Можеби законски не е дозволено да се продава на ваков начин…. но НЕЈЗИНИТЕ РАЦЕ СЕ ЕДНИ НАЈЧЕСНИТЕ И НАЈЧИСТИТЕ РАЦЕ … ВО ДРЖАВАВА КРАДЕ КОЈ СТИГНЕ, А НЕКОЈ ВАКВИ КОМПЛЕКСИРАНИ СЛУЖБЕНИЧИЊА ОД 120 КГ, ЌЕ ЛЕЧАТ КОМПЛЕКСИ И СИЛА НАД ВАКВИ ЖЕНИЧКИ И БАБИЧКИ,…Само едно прашање ме интересира:Дали ваков начин на "храброст",и "сила" би демонстрирал на ЗЕЛЕН ПАЗАР, ШУТКА, А КАМОЛИ БИТ ПАЗАР !….МОНСТРУМ !

Публикувахте от Martin Cvetkovski в Петък, 16 ноември 2018 г.

Претходна статијаНаредната недела ни доаѓа голем христијански празник: Едно нешто никако не се прави
Следна статијаЗаев: Се што сум кажал така било. Јас кажувам дека Груевски ќе биде вратен