Од оваа зима нема да можете да го возите автомобилот секој ден – владата со мерки против загадувањето

0

Владата со сет мерки, ќе се обиде да го намали загадувањето кое е изразено во зимскиот период. Едни од најголемите загадувачи се автомобилите, па затоа се обрнува особено внимание на нив. При регистрација на возилата, ќе бидат исфрлени класичните налепници.

-Од следното регистрирање на возилата, граѓаните наместо старите, ќе добијат нови налепници за еколошка категоризација, со зелена, жолта или црвена боја, во зависност од степеност на загадување на возилото, изјави Крешник Бектеши, Министер за економија во владата на Република Македонија.

-Преку оваа налепница Техничките прегледи ќе имаат зголемена одговорност да ја откријат и дефинираат категоријата, односно степеност на загадување од возилото. Тоа не значи дека старите возила ќе бидат комплетно ифрлени од сообраќај, туку локалните самоуправи ќе одлучуваат во кои периоди овие возила нема да смеат да сообраќајат, изјави Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Спасовски нагласи и дека се превземаат мерки во такси сообраќајот, за конечно регулирање, односно справување со дивите таксисти. Легалните таксисти ќе добијат нови, жолти таблички, со што јасно ќе се оздвојат од дивите.

П.П.

Претходна статијаВодителката на “Sвездите на Гранд” Сања Кужет крие тајна која конечно е откриена (ФОТО)
Следна статијаФОТО: Шумахер го собра семејството заедно – причините се добри вести