Ние сме Република Македонија и ништо друго, напиша на фејсбук Фил Наумоф, Американец со македонско потекло, кој беше избран за судија во округот Ричленд во сојузната држава Охајо.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски му ја честиташе победата на Наумоф и кажа дека претставува гордост што Македонец се изборил со професионалните предизвици во компетитивно општество какво што е американското. Наумоф одговори на поканата на Мицкоски да ја посети Македонија.
„Ви благодарам за добрите зборови. Би било чест да се сретнам со вас и да разговарам за иднината на нашата сакана Македонија. Мојата личност е тука срцето е таму“, напиша Наумоф.
Наумоф е роден во Торонто, Канада, во 1961 година. Неговиот татко Спиро и мајката Кристина се родени во Македонија. Кога Наумоф имал една година семејството се преселило во Менсфилд, Охајо, а англиски почнал да зборува на шестгодишна возраст.
Таткото на Наумоф, Спиро, е дете бегалец од граѓанската војна во Грција. Тој бил евакуиран од Грција на 10-годишна возраст и пренесен во тогашна Чехословакија. Конечно бил обединет со неговите родители во 1956 година.