Мојава приказна е за плачење: Се омажив за Австралијанец за подобар живот, а мојата љубов остана во МК

0

Ако ова го чита човекот кој беше и остана мојата најголема љубов, сакам да знае дека ми е многу жал што не успеавме и што го оставив за друг. Ја жртвував љубовта за подобар и поугоден живот, но мислам дека направив добар избор бидејќи сега моите деца живеат во луксуз и раскош. Потекнувам од скромно семејство. Ме порасна мајка ми, а татко ми никогаш не го запознав. Немам ни брат ни сестра. После студиите се вработив во стоматолошка ординација за скромна плата.

Со мајка ми едвај врзувавме крај со крај, таа беше болежлива па многу пари ни одеа за лекови. А и комуналиите ни беа прескапи иако живеевме во стан од 45 квадрати. Роднини немам многу, бидејќи татковата страна ниту ја познавам, а мајка ми е дојдена во Скопје од провинција. Нејзината сестра, тетка ми, е мажена одамна во Австралија, па повремено ни праќаше пари. Таа ми беше единствената надеж

Едно зимо се јави тетка ми од Австралија и ми предложи да дојдам кај нив на гости преку лето. За пари, рече, да не се грижам, зошто се’ ќе ми биде платено. Имала изненадување за мене, а јас претпоставував какво. Многу се израдував. Летото дојде и јас заминав. Срдечно ме пречекаа, ме сместија во нивната голема куќа, а и братучетките фино ме прифатија. Сите се трудеа да ми угодат.

Ме носеа на шопинг, ми купуваа работи, ми готвеа некои специјалитети, просто уживав. По една недела од моето доаѓање, тетка ми ме вика во нејзината работна соба за да сме поразговарале. И тогаш ми соопшти: познаваат момче за женење, син на нивни пријатели. Работел во осигурителна компанија со месечна плата од 5000 долари. Неговите биле доста зафатени, па би ми бил добра прилика.

Накратко – се сложив. Дојдоа на вечера, тој со своите родители. Веднаш ќе кажам дека физички воопшто не ми се допадна. Беше дебел, со проретчена коса, грд. Јас сепак за него сум- авион. Можеби не сум убавица, но симпатична сум, со убаво тело и бујни гради по кои многу момци плачат во Скопје.

Се покажа како многу пријатен, срдечен, мил па цела вечер ни помина во разговор. Но откако си замина, на тетка ми веднаш и дадов до знаење дека не би можела да имам ништо повеќе со него освен пријателство. Додека престојував кај тетка ми речиси секој ден се дружевме, но тој никогаш не ја помина границата на џентлмен.

Така, помина еден месец и јас морав да се вратам назад во Македонија. Со новиот пријател си разменивме ФБ и мејлови и срдечно се разделивме. Веднаш ми пиша за да ме праша како се чувствувам после долгиот лет, како сум патувала, дали се чувствувам добро. Контактот го одржувавме редовно.

Но тогаш се случи тоа – се роди љубов. Пред да заминам во Австралија една моја пријателка ме запозна со нејзин познаник, многу симпатично момче. Сега откако се вратив, се видовме уште неколкупати, тој ме покани да излеземе и така се бакнавме и започнавме врска.

Знаев дека тоа е човекот на мојот живот, немаше друг. Тој беше се’ за што мечтаев како девојче. Беше убав, згоден, добар, пријатен и забавен во друштво, мене ми угодуваше на сите можни начини. Ме прашуваше за Австралија, а јас ја одбегнував таа тема.

Како што се развиваше врската со мојата љубов, така и Пријателот од Австралија започна да ми праќа пострасни пораки. Конечно, започна да ми изјавува љубов. Со секоја следна порака тој ме убедуваше дека ако се омажам за него, тој се’ ќе ми пружел и дека ќе живеам како кралица. Тој таму е роден, па веднаш ќе добијам и државјанство. Тој одлично заработува, а јас можам, но не морам да работам. Ми велеше дека може сите желби да ми ги исполни.

Од друга страна, овде ја имав нежната љубов во топлата прегратка на моето момче, но и суровото студенило на сиромаштијата. Момчето што го сакав не беше сиромашко како мене, но живееше скромно, па кога би се одлучиле за заеднички живот, сигурно би се мачеле со кирии и преживување во Македонија.

Пријателот од Австралија ми даде рок, не можел повеќе да ме чека, измина речиси година и половина. Тој сакал да се жени. Ако не сум сериозна во намерите, ми рече дека е праведно од моја страна тоа да му го кажам и да не му го трошам времето. Пред мене беше тешка одлука. Му реков да не ме брза, оти не можам тукутака да донесам една таква важна одлука. Тој веќе стана рамнодушен, што имал да ми каже – ми кажал, на мене се чекаше.

Јас одлучив. На моето момче кое го засакав до сржта во коските, немав храброст да му откријам дека го оставам за друг. Му реков дека повторно одам да ја посетам тетка ми и братучетките и дека можеби ќе бркам документи за да останам таму. Беше скршен од тага.

Во шега знаеше да ми рече – Ајде побрзо извади документи, па и мене повлечи ме таму, ќе се земеме и заедно ќе си живееме. А потоа со врели бакнежи ми ставаше печат на усните. Ми помагаше во пакувањето. Ме испрати на аеродром. Чекаше со мене. На разделба горко заплакав, силно го гушнав и на уво му шепнав – ИЗВИНИ. Тој збунето ме погледна додека се откинував од неговите раце и возбудено ми викна – ВРАТИ СЕ!

Едвај смогнав сили да се насмевнам, за последен пат му мавнав со раката и се свртев. Веднаш следниот ден му пишав долга порака. Му објаснив дека останувам засекогаш во Австралија, дека следниот месец ќе се мажам. За ова мое кукавичко однесување може да ме мрази до крајот на својот живот, но од него барам некогаш, да пронајде сили во своето срце и да ми прости.

Ми ѕвонеше милионпати, ми пишуваше и ме молеше да му кажам дека само се шегувам. Сакаше да му кажам дека тоа не е вистина и дека тешко мене кога ќе сум се вратела поради оваа несолена шега. Кога најпосле сфати и се помири со вистината, следуваа пораки кои ми го кинеа срцето, бидејќи дури тогаш открив колку всушност тој мене длабоко ме сакал. И сега, кога се потсетувам на него ми солзат очите и ми се собира горчлива грутка во срцето.

Лани го родив моето второ дете. Се надевам ова ќе личи на мене. Не знам колку се навикнав на животот во Австралија, но се обидувам да бидам добра мајка и колку-толку добра сопруга. Го почитувам мојот сопруг, но не го сакам како што го сакав моето момче од Скопје. Сепак, тој си остана на зборот, го исполни ветувањето и навистина јас овде живеам во раскош.

Ако ова го читаш ти кој беше и остана мојата најголема љубов, сакам да знаеш дека ми е многу жал што не успеавме и што те оставив за друг. Те жртвував тебе, љубовта на мојот живот, за подобар и поугоден живот. Кога и да ја слушнам песната од Дивлје Јагоде –Криво је море – ме потсетува на тебе, да знаеш. Оваа песна го открива мојот идентитет само за тебе, љубов моја. Прости ми…

Ти, ти си га упознала

Једне лјетне вечери

Он, он те полјубио

Док море се пенјило

И ти си се залјубила

Мада ниси хтјела то

Криво је море

Знај, лјето је варлјиво

А срце ти заводлјиво

Кучи кад си дошла ти

Знала си да си у заблуди

А то вече уз мора сум

Од срече сва си блистала

Криво је море…

*Извадок од збирката раскази “Приказни од дијаспората”

Фото: Илустрација

Овој текст е авторски и не смее да се копира и реемитува без одобрение од редакцијата на Галама.

Претходна статијаУтре еден знак ќе добие несекојдневна понуда – хороскоп за Среда
Следна статијаПивара Скопје ја потврди веста за здравствени проблеми на нејзини вработени