Мишел Трајковски со нов СВЕТСКИ видео запис – Тарантино џез

Тарантино џез е новото ремек дело на трикратниот првак на хармоника Мишел Трајковски, кој на 29 ти октомври во МКЦ го промовираше овој видео запис. Имавме можност да ја видиме целата музичка елита на едно место, музички новинари, тв и радио водители, меѓу кои беше и легендарниот ДРАГАН Б. Костич, кој пак во свој препознатлив стил ја отвори оваа голема промоција на која присуствуваа повеќе од 300 луѓе.

Ова е само дел од неговиот говор:

,, Имате многу бендови низ Европа особено на балканските простори. Не бидува за ритам но сепак има и многу музичари од ЕВРОПА кои свират и на ЕГЗИТ и на ГУЧА фестивалот. Јас кога го слушнав ова дело на Мишел кое го направил си реков боже, зарем и кај нас има ЕЛЕКТРО СВИНГ.

Бев изненаден бидејќи тоа е музика во која има Џипси Свинг и заедно со една нова продукција креира нешто кое се нарекува ЕЛЕКТРО СВИНГ, мој омилен тренд со етно призвук, кој пак во северна Европа е мошне популарен. Ако направи албум а јас верувам дека ќе го направи, Мишел ќе го пребарувате по страници за европска музика, од типот на електро и џипси свинг ”.

На промоцијата, Мишел заедно со Џамбо Агушев еден од најдобрите трубачи во Европа и ,,Macedonian all stars” тимот,го промовираа и новиот проект составен од неколку композиции, со кој во наредната 2019 година ќе ја освојуваат публиката на 4 концерти во Франција.

Во овој видео запис учествуваат неколку познати актери од Македонија: Јана Стојановска, Кирил Трајковски – Максим, Гоце Тодоровски, Тино Костадиновски, и легендата на македонските народни приказни чичко Ванчо Петрушевски на кого е и посветен овој видео запис.

Тарантино џез е во режија на Огнен Шапковски и Мелем продукција.

Loading...