Швајцарија, Америка, Канада, Италија, Австралија се само дел од земјите каде Баже “гази” јако
Важи за голем миленик на нашинците во дијаспората
Фолкерот Благоја Грујовски во последно време почесто настапува надвор од земјава, отколку дома. Турнеи има за извоз, а важи за голем миленик на нашинците во дијаспората.
Швајцарија, Америка, Канада, Италија, Австралија се само дел од земјите каде Баже “гази” јако , а во едно интервју пејачот откри и дека разликата во однос на заработката кај нас и во странство е огромна, па затоа решил да се фокусира на тезгарење далеку од Македонија.
Се зависи од типот на ангажманите и не можеш да генерализираш. Можеби пред десет години се земале повеќе пари во однос на тоа што се зема денес, но ако се прави споредба меѓу тезгите кај нас и во странство, ќарот надвор од границите е дупло поголем.
Јас сум задоволен од турнеите, ги имам во голем број и среќен сум што нашиниците во дијаспората ја слушаат мојата музика”, вели фолкерот.