Миа Костова без предрасуди во емисија во живо откри колку платила за силиконите (ВИДЕО)

0

Во синоќешната емисија на Жарко “Еден на еден” гостуваа познатите македонски водителки Миа Костова и Милена Антовска. Жаре секогаш успева од своите гости да ги извлече најпикантните информации, па така беше и со Миа и Милена.

Милена ги потврди информациите дека секојдневно добива непристојни предлози од своите обожаватели на социјалните мрежи, но потенцираше дека од кога се омажиле, овие пораки се намалиле: -Се радувам што мојот сопруг не е воопшто љубоморен и некогаш знаеме заедно да седнеме да ги читаме пораките и слатко да се смееме, рече Милена.

Миа Костова важи за девојка без влакна на јазикот. Таа потврди дека естетските корекции се нејзино секојдневие и дека с гордее со градите кои неодамна во една наша клиника ги корегираше: -Да, погледите на познатите и непознатите во изминатите месеци, секогаш се дижат о деколтето па надолу, што мене искрено не ми пречи.

Таа исто така напомена дека на редовна основа користи филери и ботокси и дека за жена на нејзини години, тоа го сфаќа за нормална работа. Естетските корекции се тренд кој го практикуваат ширум целиот свет, не само жените, туку и мажите кои држат до својот добар изглед.

Претходна статијаНаде од Скопје: Јас навистина ќе стигнам во Бардовци со тројцава мои мажи дома
Следна статијаПотресна исповед: Не измами, не остави на улица и без храна