Имам неколку разводи зад мене и неколку деца. Не се вонбрачни затоа што сите сум ги добил додека сум во брак, изјави Александар Маленко во интервју за „Бекстејџ“. Сепак, мојата сегашна сопруга Фанче е една и единствена и заради неа и нашите деца останав во Македонија, а којзнае, можеби ќе имаме и уште деца, не се откажувам од таа замисла – рече Маленко.
Во интервјуто откри и дека не користи презервативи, притоа прашувајќи се за нивната намена и употреба која и до ден денес не може да ја сфати.
Ауу, никако, не користам јас такви работи, прашајте ја жена ми, ќе ви каже. А не можам да кажам дека е грешка што не користам, имам деца, скраја да е – заклучи Маленко.