Македонската пејачка се пожали: Не можам дечко да си фатам – сите се плашат

Познатата македонска фолкерка Сања Барби стана доста актуелна во последно време и тоа од интересни причини. Имено првично беше објавено дека го истепала поранешниот дечко, фудбалерот Мартин Блажевски, а пред неколку дена изби уште еден скандал во кој се поврзуваше нејзиното име.

Наводно Барби завршила во затвор во Виена поради кавга со своето момче откако дознала дека тој има друга девојка. Ова Сања го демантираше, па се одлучи да си ја отвори душата пред камера за емисијата „Ексклузив“.

loading...

„Како да си фатам момче, сега сите се плашат да не ги тепам.

Како да си фатам момче, кажи ми. Не сум тепала никој, ова се трачеви. Нема вистина во тоа ништо, не знам што ме направивте стварно.

Јас сум многу нежна жена во принцип. Немам јас таков карактер“ изјави Барби.

loading...