Маја Панчева: Дарко ме караше и ми велеше да не претерувам

0

Се запознале пред дваесет години и велат дека многу брзо си се допаднале еден на друг. Денес се родители на Надица која има 18 години, и 13 годишната Марија.

„Дарко беше тој што иницираше контакт, и некако се се случи толку спонтано да се запознаеме, и да бидеме искрени еден кон друг. Многу брзо си се допаднавме“, ни раскажа Маја Панчева, поп-пејачка и хористка во МОБ за својот сопруг, фудбалската легенда Дарко Панчев и спортски директор во ФК „Вардар“.

„ Засекогаш ќе ги паметам двете Нови години кога случајно и со Надица и со Марија бев бремена. Едната беше во Милано, другата во нашето кафе „Деветка“. И, иако нели не смееш многу да скокаш и да бидеш немирна, јас и на двете забави се се изнаиграв, а Дарко ме караше и ми велеше да не претерувам“, се сеќава Маја на нејзините најдраги спомени од почетоците со Дарко.

За ќерките Надица и Марија, таа вели дека и двете имаат афинитети кон музиката и кон модерниот танц.Надица во учењето покажува талент за јазици и најверојатно тоа и ќе студира, Марија, вели Маја, има талент за повеќе работи, и допрва ќе одлучи за што ќе се определи. Целото интервју може да го проследите на: Женски Магазина.мк

Претходна статијаМаленко: Поради нејзе останав во Македонија – сакам да имам уште деца
Следна статијаСтуден петок пред нас – од утре нова драстична промена