Кои документи се потребни за да добиете работна виза за Швајцарија, најпосакуваната земја во Европа

0

Барањата за влез во Швајцарија зависат од причината за вашата посета – како турист, за работа или студии, или за спојување на семејство – и колку време ќе престојувате. Транзит виза – за граѓаните на Р. Македонија кои поминуваат транзит преку Швајцарија до нивната конечна дестинација, не е потребна виза. Но мораат со себе да имаат:

валиден пасош; авионски билет за наредната дестинација; исправни документи или виза за следната дестинаци.

Не ви е дозволено да ја напуштите транзитната зона и мора да продолжите на вашето понатамошно патување во рок од 48 часа по пристигнувањето во Швајцарија. Швајцарска туристичка виза за краток престој (швајцарска шенген виза) – граѓаните на Р. Македонија кои сакаат да ја посетат Швајцарија и да останат до три месеци (но не и повеќе), мора да се осигураат дека прво поседуваат важечки пасош или документ за патување.

Ова треба да биде издадено во последните 10 години и да има важност од минимум три месеци повеќе од истекот на шенген визата. Швајцарската туристичка виза за престој пократок од 90 дена / три месеци е Шенген визата за краток престој, што овозможува влез во целата Шенген зоната, вклучувајќи ја и Швајцарија, во времетраење од 90 дена во период од 180 дена.

Швајцарската шенген виза обично се користи за туристички цели, бизнис, учество во спортски или културни настани или образовни програми. Ако сакате да останете подолго од ова, ќе ви треба долгорочна швајцарска виза за да влезете во земјата.

Македонските граѓани кои поседуваат виза за неограничен престој издадена од земја членка на Шенген Зоната можат да престојуваат во Швајцарија со таа виза, но не и да работат.

Долгорочна национална швајцарска виза – ако сакате да останете во Швајцарија подолго од 90 дена / три месеци, мора да аплицирате за виза за национална (тип Д) виза која ќе ви биде издадена ако на пример, имате работа да дојдете, сте запишани на универзитетски студии или имате семејство во Швајцарија. Ќе треба да аплицирате и за дозвола за престој.

Документите и условите потребни за да добиете Швајцарска виза можите да ги погледнете на следниов линк. Потребни се шест до осум недели да се процесуира вашата апликација и ќе ве чини околу 60 евра.

Доколку постои загриженост во врска со вашите финансиски средства, можно е да ви побараат доказ за спонзорство, потпишана од лицето или компанијата што ве поканила во Швајцарија и треба да биди потврдена од локалните власти или кантоналната миграциона канцеларија, при што компанијата / лицето кое ве поканило изјавува дека ќе ги сноси сите ваши трошоци направени во одредена ситуација во износ до 30 000 швајцарски франци.

Претходна статијаИ овде во Германија е исто, седнавме четворица во кафана, почнаа муабет ВМРО-СДС и се расипа дружбата
Следна статијаСе сеќавате на Сулејман Величествениот? Погледнете како изгледа денес (ФОТО)