Калиопи: Мојот екс сопруг е човекот кој најдобро ме познава

0

Македонската дива Калиопи Букле неодамна ја издаде својата нова песна „Пресуда“ која полека го наоѓа својот пат до публиката.

Периодов, Опи се наоѓа во соседна Србија каде што ја промовира својата нова песна, но и се подготвува за својот солистички концерт.

Автор на новата песна на Опи е нејзиниот поранешен сопруг Ромео Грил, а во една емисија таа истакна дека тој најдобро ја познава.

„Мојот прв и бивши сопруг е многу важен во мојот живот. Јас секогаш велам: „Драги луѓе останете во добри односи со своите бивши, никогаш не знаете што добро може да добиете. Јас се шегувам, но Ромео Грил е автор кој надобро ме познава. Тој ја знае мојата душа, го препознава чукањето на моето срце, во кој момент што треба да пеам, а во исто време знае што сака публиката“ вели Опи во емисијата „Ново јутро“.

Калиопи имаше неколку успешни концерти во Србија, а на 23 ноември ќе одржи концерт во „Сава Центар“.

За потсетување, Ромео има напишано голем број на песни за македонската дива кои и ден денес се хитови, а веруваме и дека „Пресуда“ веќе ја освои публиката.

Извор: Вистина.мк

Претходна статијаЗорана по зголемувањето на градите: Солзи ми течеа, не можев да станам
Следна статијаКако ништо да не се случило: Откриено што прави секој ден Боркица Груевска