Македонскиот победник на „Х фактор“, Даниел Кајмакоски во февруари минатата година стана татко на своето прво дете.
Даниел и неговата сопруга Кристина го добија синот Давид, а отогаш Кајмакоски се повлече од музичката сцена и уживаше во улогата на родител.На социјалните мрежи не објавува често фотографии од приватниот живот, но неколку пати досега истакна дека неговиот син е смислата на неговиот живот.
По музичката пауза, македонскиот музичар повторно се враќа на сцена. Имено, Даниел деновиве е во Белград каде заедно со неговиот бенд вежба за своите настапи и подготвува нови песни.
Во телефонски разговор за „Ексклузив“, Кајмакоски откри детали од својот приватен живот.
На прашањето кога првпат водел љубов, Кајмакоски одговори:
„На 16 или 17 години. Да, на 17 години“ откри пејачот.
Даниел истана и да не бил оженет со Кристина немало да бира жена од естрада, дека неговата сопруга е вистинската. Кајмакоски за „Нова година“ ќе пее во Будва, но најверојатно неговото семејство нема да биде со него.
Извро: Вистина.мк