Во Офенбах, град со 127.000 жители, според официјалните податоци, во моментов живеат околу 10.000 државјани од земјите од поранешна Југославија. Сепак, се чини дека ги има многу повеќе, зашто во центарот на градот има две ќебапчилници и три кафулиња, во кои, како што велат, е чудно кога некој зборува германски.
Една од нив е и ќебапчилници „Југо 45“ во сопственост на Самир Хоџиќ кој е по потекло од Босна и Херцеговина.
„Ако го ставиш името Босна тогаш си му ја затворил вратата на народот. Ајде да бидемe отворени. И ние и сме отворени. Јас сум овде роден и не ги гледам работите само од една перспектива“ изјави Хоџиќ.
Едно од збирните места е и кафичот „Трокадеро“ во Офенбах.
„Овде се дружиме. Не е важно кој каква националност има. Постои само дали си човек или не си. Се дружиме сите заедно. Излегуваме во клубови, дискотеки, биртии“ изјави Лутвија Ризвановиќ