Јован Јованов: Навистина се каам што порано не си заминав од Македонија

0

Јас никогаш не сум бил член на ниту една политичка партија, ниту пак сум бил активист, и не сум завземал полички став. Додуша не би ни имал некоја корист, од било која политичка партија. Што може мене да ми понуди една партија како на композитор? Државна плата?

Композиторот и продуцент Јован Јованов вели дека за неполни три години колку што живее во Канада со семејството, одлично се вклопил. Во интервјуто за Женски магазин, Јованов вели дека отворил свое студио и целосно егзистира од музика. Во Канада, тој живее со сопругата Николина и со ќерката.

„ Цел живот имав желба да заминам од Македонија, ама успехот што го постигнав на млади години ме залажа за да останам и повеќе отколку што планирав. Уште како дете, сон ми беше да живеам во Америка, поточно во Беверли Хилс. Да работам и создавам музика таму.

Не знам ни јас зошто толку чекав, но веројатно требаше да имам и доволно финансии и искуство, па така во 2014 година заминав за Холивуд, за да се усовршам. Пред да тргнам за Америка, јас и моето семејтво веќе аплицираме за иселеничка канадска виза.

Така што, ние бевме комплетно решени и подготвени да заминеме. Или во Америка или во Канада. Иако имав многу успеси, никогаш не бев задоволен од тоа колку заработувам во Македонија. Знаев дека можам многу повеќе. Така што во ниту еден момент не се покаjав. Откако живеeв во Холивуд а после тоа во Торонто искрено, се каjам што и порано не сум заминал“, откри Јованов.

Во својата приказна, тој отворено раскажа и за неговите ангажмани врзани за претходната власт.

„ Јас никогаш не сум бил член на ниедна политичка партија, ниту пак сум бил активист, а ниту сум завземал полички став. Додуша не би ни имал некоја корист, од било која политичка партија. Што може мене да ми понуди една партија како на композитор? Државна плата?

Па јас од творење на музика и од настапи по клубови и ред други работи, многу, многу повеќе заработував месечно од таа плата. Да имав фирма за градежништво, па да се надевав дека ќе добијам некој тендер, да изградам некоја зграда или автопат, тогаш веројатно би бил повеќе активен.

Вака со музика, сѐ е тоа ситно и никогаш не сум се бламирал како други јавни личности да одам на било какви собири, демонстрации и слично. Единствената поврзаност со предходната влада беше тоа што по нивна нарачка правев музика за предизборни кампањи и за тоа си бев платен. Многу пати, јас и пејачите од мојата продукција, како на пример Елвир Мекиќ, кога беше ВМРО на власт, сме настапувале на манифестации организирани од политичари на СДСМ“, изјави Јован.

На Скопскиот фестивал во 2014 година, Јованов беше еден од осомничените за местење на фестивал и компјутерски криминал. За него, целата таа афера била еден лош холивудски филм.

„ Можам да кажам дека целата акција беше една голема глупост, ништо повеќе. Без да навлезат детално во проблематиката. Имале дојава дека се правел компјутерски криминал, лажни гласови, хакери, фирми умешани. Дрн, дрн, јариња. Што да ти кажам? Лош холивудски филм. Сите изведувачи најрегуларно си гласаа според правилникот на фестивалот. Од еден број еден глас и тврдам, дека нема пејач, кој не организирал гласање во кругот на своето семејство и пријатели, што е дозволено се разбира. Додуша, јас на тој „Скопски фестивал“ ниту гласав, ниту бев дел од било што.

Бев одамна заминат во Холивуд. Ама ете, доволно е една “надарена” пејачка, да се пожали во МВР кај “началникот” и тој брзо акција да направи. Така што, целата таа акција набрзо беше отфрлена како една смешна фарса. Особено за мене, ниту ми се јави некој, ниту ме праша некој од надлежните органи. Бев заминат од Македонија повеќе од еден месец. Битно фино дојде моето име за порталите да си направат приказни.

Всушност јас од нив дознав утре дента дека сум бил “приведен“, ни раскажа музичарот кој на естрадата дебитираше како основач на популарната група „Магија“.

Извор: Женски магазин

Претходна статијаОвие хороскопски знаци ќе имаат најголема среќа до крајот на годината
Следна статијаСледната недела финансиски добра за овие хороскопски знаци