Искористете го сонцето додека го има – УХМР најави драстична промена на времето

0

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, по одделни котлини со појава на утринска магла. Попладне облачноста ќе се намали.

Ќе дува слаб претежно југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до шест степени, а дневната температура од 13 до 21 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб претежно југоисточен ветер.

Утринскaта температура ќе достигне до два степени, а дневната температура до 18 степени.

Ќе продолжи периодот на стабилно време со појава на утринска магла понекаде во котлините.

Утре од попладне ќе преовладува сончево време.

До средината на неделата температура некаде ќе надмине 20 степени, а од среда ќе започне да дува северен ветер кој ќе предизвика постепен пад на дневните температури.

Претходна статијаШто им се случува на веганите после една година од таквата исхрана
Следна статијаДарко Лазиќ се расплакал кога пријателот му раскажал за вереницата Марина! Ќе се разведе штом излезе од болница!