Што им се случува на веганите после една година од таквата исхрана

0

Исфрлањето на месото и млечните производи од исхраната стана многу популарно, па во последните десет години е забележан пораст на бројот на вегани за 350 отсто. Еве што се случува со вашето тело кога една година ќе јадете само веганска храна:

По неколку дена: Ако одлучите да станете веган, во првиот момент ќе почувствувате прилив на енергија која доаѓа од исфрлање на месото и доминација на исхраната базирана на овошје и зеленчук. Потребно е однапред да се планираат оброците, за да се обезбеди константно одржување на нивото на енергија.

После неколку недели: После неколку недели нејадење месо, ќе се случат промени во цревата, а не се исклучени ниту засилени гасови поради тоа што веганската храна содржи влакна и зголемено консумирање на јаглехидрати кои се ферментираат во цревата и можат да предизвикаат иритација.

По неколку месеци: После неколку месеци, вашата кожа ќе биде почиста, но нивото на витамин Д може да опадне, бидејќи него го има најмногу во месото, рибата и млечните производи.

Овој витамин е многу важен за коските, забите, мускулите, а недостатокот е поврзан со заболувања на срцето, мигирена и депресија. Резервите остануваат во телото само два месеци. Бидејќи телото го произведува благодарение на сонцето, не би лошо било на веганска исхрана да преминете кон крајот на зимата.

По една година: Како се приближувате кон една година консумирање веганска храна, резервите со витамин Б12 се веќе веројатно истрошени. Замор, останување без здив, лошо паметење, се само некои од симптомите кои укажуваат на недостаток на витамин, кој единствено може да се најде во животинските производи. Затоа е важно да го надополните тој недостаток со суплементи во исхраната, во спротивно сите придобивки за кардиоваскуларниот систем исчезнуваат.

Претходна статијаФросина Ременски: Ќе има одговорност и за обезбедувањето на Груевски
Следна статијаИскористете го сонцето додека го има – УХМР најави драстична промена на времето