Генерал Марковски: Празнењето на сметките требало да биде сигнал дека Груевски ќе бега

Генералот во пензија, Благоја Марковски посочи дека веројатноста за Груевски да биде киднапиран е сосема мала. Како што истакна тој, не постои сомнеж Груевски да е киднапиран, затоа што како што истакна, целата ситуација го најавила неговото бегство.

„Мала е веројатноста да се случило такво нешто. Имајќи во предвид она што се случуваше пред неговото бегство од Македонија, односно индициите за негова подготовка за ова бегство.

Почнувајќи од симнувањето на банковните сметки, барањето на соодветна потврда од Антикорупциска комисија, неговото постојано инстистирање да се одложи издржувањето на казната. Тоа зборува дека Груевски се подготвувал да не влезе во затвор“, додаде Марковски.

Loading...