Емина има право да завидува – новата на Мустафа Сандал е лепотица (ФОТО)

0

Мустафа Сандал Поранешниот сопруг на Емина Јаховиќ со своите синови Јаман и Јавуз отпатува во Лондон.Но со фотографиите што ги објави на социјалните мрежи Мустафа подигна голема прашина во медиумите. Имено, познатиот турски пејач на ова патување се сретна една млада турска пејачка и актерка.

„Од Лондон со љубов. Серел и јас по пријатната вечера“ напиша Мустафа во описот на селфи фотографијата што ја објави со младата Серел Јерели (22), позната турска актерка и пејачка.

Фотографијата предизвика вистинска бура во медиумите, особено затоа што поранешниот сопруг на Емина бргу по разводот заплови во романса со актерката Џерен Хиндистан за која се коментираше дека потсетува на Емина. Како што пренесуваат турските медиуми, Мустафа на Серел и го најавил неговото доаѓање, што таа и самата го потврди.

„Ми испрати меил пред да дојде. Не можев да го одбијам. Зборувавме за животот, за тоа како се снаоѓаме во Лондон. И секако за музиката, па за што друго би зборувале двајца музичари?! Неговите деца се прекрасни, беше тоа пријатна вечера, не можам ништо повеќе да ви кажам, јас се обидувам да направам кариера тука“ – изјави атрактивната русокоса за познатиот турски портал „Hurriyet“ и нагласи дека со Мустафа не зборувале за деловна соработка, односно дека не планираат да снимаат дует.

Претходна статијаСопругот и рекол дека е стара и непривлечна, но нејзиниот одговор го оставила без текст
Следна статијаФилип Петровски ги обвини Тодор Петров и Палчо дека се платеници на “Белата палата”