Елена Ристеска се врати во Америка – што ја натера да замине толку далеку

0

Кон крајот на летото и почетокот на месец септември, поп-пејачката Елена Ристеска замина преку океанот, поточно во Мајами, Америка. Тогаш на својот Инстаграм објави многу фотографии од тамошните доживувања и искуство, а знаеше во описот на фотографиите да напише дека се заљубила во Мајами…

Веројатно токму таа љубов кон овој град во Флорида, како и пријателите кои ги има таму, ја натераа по многу кусо време повторно да се врати. Дека Елена решила да се посвети комплетно на музиката, покажува тоа што неодамна го промовираше спотот и песната за „Снаге за крај“, а веќе деновиве токму во Мајами работи на ново видео за кое ги информираше следбениците и обожавателите на социјалните мрежи.

-Работи многу во тишина, но остави успехот да прави врева, напиша Елена како дополнување на фотосесијата која ја направи во Амрика и појасни дека станува збор за снимање на ново видео на кое таа изгледа провокативно во фустан со висок шлиц кој го нагласува сексапилот.

Дека е вредна и посветена нема сомнеж, а колку време ќе се задржи во градот во кој се заљуби и како ќе изгледа финалното дело оттаму, останува да видиме…

Претходна статијаДали Претседателот Иванов ќе го запре прогонот врз Груевски
Следна статијаСтојанче Ангелов: Молам не го вознемирувајте семејството на Никола Груевски