По повеќе од две недели поминати во болница, пејачот Дарко Лазиќ конечно си доаѓа на себе.
Тој е во подобра состојба и веќе може да комуницира со најблиските, а донекаде може и сам да донесува одлуки.
Пред неколку дена во посета во болницата му дошол близок пријател кој му раскажал на фолк пејачот што се случувало во додека тој бил во кома.
Тој открил за Курир дека Дарко дознал во каква непријатна ситуација се нашле неговите родители, вереницата Марина но и бившата сопруга Ана од која законски сеуште не е разведен.
На инсистирање на Лазиќ, приајтелот му открил низ што се проаѓала Марина. Најмногу го погодило тоа што додека бил во шок соба, единствената личност која имала право да го посети била Ана Севиќ, додека вереницата Марина заедно со мајката и таткото на Дарко плачела пред влезот и молела да ја пуштат и неа.
Дарко заплакал кога го дознал ова и инсистирал Марина да дојде во неговата соба.
Кога се појавила, тој со солзи во очите ја замолил за прошка и и ветил дека веднаш штом излезе од болнице ќе се разведе и официјално.
Пејачот го замолил пријателот да исконтактира адвокатот и да го праша кога најскоро би можел да ги потпише документите за развод со Ана.