Бранка Лазиќ е мајката на Дарко Лазиќ. Таа објави фотографија од својот син од болницата, прв пат откако пејачот доживеа страшна сообраќајна несреќа. Селфи фотографијата ја направи самиот пејач, а на неа се наоѓа неговата мајка која и покрај насмевката, на лицето и се познава загриженоста.
На главата на Дарко се гледаат и раните што го има добиено од сообраќајката, како и лепенките со кои е поврзан со болничките апарати. На пејачот не му е дозволено да го користи својот мобилен телефон во болницата, па тој го искористи телефонот на неговата мајка и преку нејзиниот профил им ја честиташе славата на своите пријатели.
Инаку, како што пренесува српскиот Курир, поради неговите прекумерни килограми оздравувањето ќе биде многу бавно. Физиотерапевтите го советуваат да ослабне 40 килограми за да можат да почнат со вежбите со кои пејачот повторно би застанал на своите нозе.
Дарко има вграден вештачки колк, а прогнозите се дека од интензивна нега ќе излезе за десетина дена и ќе влезе во апартман во болницата.