Поминаа речиси две години откако поп-пејачот Даниел Кајмакоски и неговата сопруга Кристина запловија во брачните води, а набрзо потоа го добија нивното синче Давид. Пејачот уште пред да се оствари во улогата на родител изјавуваше дека многу сака да стане татко, а набрзо желбата му се исполни. Денес, Кристина и Даниел се горди и среќни родители на малиот Давид кој секојдневно им го разубавува денот на мама и тато.
Токму откако стана татко, Даниел некако се повлече од музичката кариера, сакајќи што повеќе да биде со своите најсакани и да го види секој миг од растењето на синчето.
На својот профил на Инстаграм Кајмакоски објави уште една фотографија со својот наследник, но во описот напиша дека дошло време да го прошири семејството, одонсно да имаат уште едно бебе, па јавно и се обрати на сопругата со зборовите:
-Растат толку многу брзо, душо ни треба уште едно, напиша Даниел.
Кристина не му возврати на сопругот, но кога желбата веќе ја има, нема да биде изненадување ако наскоро дознаеме дека второто бебе е на пат.