Ќе го искористи ли претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов да го искористи уставно загарантираното право да го заштити експремиерот Никола Груевски од политичкиот прогон?!
Вечерва се прави спектакл од потрагата по Груевски, а во полициската акција се поканети од одбрани провладини медиуми кои го следат секој чекор на полицијата. Тропнаа на вратата на Груевски, заминаа во Штабот, вршат претрес на возила… Се дефокусира јавноста од актуелните, сериозни случувања во државата.
Денеска и иницијативата Правда за Никола Груевски искажа незадоволство од одбивањето на второстепената жалба за одложување на издржувањето на казната на поранешниот претседател на Владата Никола Груевски. Со ова, велат тие уште еднаш се потврдува политичкиот прогон што се спроведува во Република Македонија.
Никола Груевски е жртва на политичкиот прогон! Јавно бараме претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов да го искористи уставно загарантираното право и да ги заштити недолжните граѓани кои се опфатени со овој прогон.
Како народ и држава не смееме да дозволиме затворите во Република Македонија да се исполнат со политички затвореници. Кога неправдата е на сила, непокорот е единствениот пат до правдата – реагираа тие.
Извор: Република