Братот на Дарко Лазиќ дели иста судбина со сообраќајка и болница

0

Драган Лазиќ, помладиот брат на српскиот пејач Дарко Лазиќ, според пишувањето на српските медиуми, пре неколку години имал сообраќајна несреќа и завршил во болница.

Година дена по Драган, Дарко имал сообраќaјка и со мотор од која се здобил со повреда на рамото поради што му била вградена шипка која пред неколку дена е извадена во болницата, пишува српски Курир. Браќата Лазиќ делат иста љубов кон брзото возење, но и кон забавата.

Така Драган тргна по стапките на братот и се проба на естрадата. Драган и Дарко не можат да се видат често во јавност, но наводно се многу поврзани.

Инаку, деновиве беше објавено дека Дарко по вторпат ќе стане татко, а неговата свршеница Марина е во рана бременост.

Дарко Лазиќ после сознанието дека по втор пат ќе стане татко не престанува да плаче од среќа. Тој сега сака што побрзо да закрепне од тешката сообраќајна несреќа која ја доживеа на 23 октомври како би бил крај свршеницата Марина Гагиќ.

Како што се дознава, пејачот е пресреќен поради бременоста на Марина, што му дава дополнителна сила за тешката борба и сака неговото второ дете да биде син. Со оглед на тоа што веќе ја има ќерката Лорена, која ја доби во бракот со Ана Севиќ, неговите пријатели не се чудат што посакува да има наследник.

Инаку Дарко испланирал веднаш после разводот од Ана, да се ожени со Марина и направи голема свадбена веселба.

Тој после сознанието дека свршеницата е трудна, ја врати насмевката на лицето и почнал да се шегува со медицинскиот персонал.

Претходна статијаДедо Наум: На кој начин размислува богатиот
Следна статијаЧетири се: Овие хороскопски знаци владеат со светот