Направи вистински бум со својата појава кога пред преполната дискотека во Швајцарија фолкерот Благоја Грујовски излезе на сцена со своето кавалче. Присутните буквално ги крена на нозе и со изборот на песни кои ги отпеа. Впрчем, Благоја е првиот наш пејач со кој менаџерот Хари Сековски ја отпочнал соработката пред дваесетина години.
-Со Хари се знаеме многу долго време меѓутоа сум го изумил тоа, но сега Хари ме потсети декаа првата негова забава пред дваесет години ја направил токму со мене во Швајцарија. Баш ми е драго што ете сум првиот со кој работел и повторно сум вечерва овде во ова преубаво опкружување со многу народ, наши луѓе , истакнува Благоја.
Пред присутните кои беа во голем број, Благоја отпеа бројни македонски хитовски песни, што негови што стари изворни песни, при што се заврте и оро среде дискотеката “Палма ” во Швајцарија.
-Дури ми беше малку чудно, како ке настапам покрај некој ќе ги наречам модерни изведувачи како Стојне,Цаки кои пеат се, секаква музика. Едноставно се плашев дали ќе има место и за ова што јас го пеам. Затоа што дискотеката не е моја природна околина, додава Благоја.
Без разлика дали е или не е дискотеката негово место, Благоја како и секогаш направи незаборавна забава која долго ќе се памети.
Извор: Естрадаплус