Бившата на Лазиќ, Ана Севиќ имала тешко детство, таткото го видела дури откако станала популарна

0

Ана Севиќ израснала со мајка и Даниела. Таа и нејзиниот татко немале контакт цели две децении, а тој дури и не ја видел како изгледа како бебе, туку за прв пат ја запознал како возрасна девојка. Иако за тоа многумина ја обвинуваат нејзината мајка, очигледно е дека семејните недоразбирања се надминати, бидејќи  сега Видан и неговата наследничка имаат одлични односи.

“Ана и нејзиниот татко Видан не се познаваа цели 20 години и немаа никаков контакт за сето тоа време. Мајката на Ана како млада забременила од Видан и со бебето во стомакот дошла во главниот град. Се говорело дека тоа дете е негово, но никој не можел тоа да го потврди, бидејќи тоа била само попатна врска. Тие немале било какви планови за во иднина, се случило она што се случило и толку.

Се ширеле разни гласини, по што оваа приказна се заташкала. Многумина од нејзините блиски, мајка и на Ана ја обвинувале дека нејзиното дете ќе расте без татко. Потоа, таа одлучи да се оддалечи од дома, па почнала нов живот во Белград и наскоро се омажила” – раскажал еден добро упатен  извор.

“Видан основал свое семејство во Ужице, станал многу почитуван во градот, сите за него ималесамо пофални зборови. По професија е претприемач и има градежна фирма. Со неговата сопруга добил ќерка Маја и имаат хармоничен брак и семејство. Соседите велат дека со Ана се сретнале за прв пат  кога таа се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“.

Тогаш  за прв пат дошол во контакт со неа и сега тие се во постојана комуникација. Се чини дека оние 20 години не направиле непремостив јаз. Ужице е мал град, па кога Ана стана пејачка, се прочу, сите дознаа и така тоа тргна…“ –  навел изворот. Сега Ана и нејзиниот биолошки татко Видан се во одлични односи.

“Постојано доаѓал во Белград кај Ана и Дарко кога тие живееле заедно. Дарко му се допаѓал, а особено поврзан е со нивната ќерка Лорена и таа е секогаш му се радува кога ќе го види. Тој е човек кој не сака јавно да се експонира и да дава изјави“ – тврди изворот.

Претходна статијаДенес е голем празник – Вечно име Матеј, како почнува и завршува ова Евангелие
Следна статијаИна Многуфина: Декември е одличен месец за праење чистка, од “пријатели”