Познатиот пејач од соседството, Аца Лукас, не се појави на концертот на својата колешка и пријателка Ана Бекута кој се одржа во Сава центарот во Белград. Многумина помислија дека им се нарушени односите, но во прашање е нешто сосема друго.
Лукас потполно заборавил кога е концертот на неговата пријателка, па на Инстаграм ја прашал кога да дојде. Ана останала шокирана па преписката ја споделила со фановите.
Инаку Аца Лукас во текот на целата кариера се соочува со скандали, кои најчесто самиот ги предизвикува. Познати се снимките на социјалните медиуми, на кои тој едвај стои на нозе. Сепак, Лукас е еден од најпопуларните пејачи на поранешните Југословенски простори и се чини дека оние кои сакаа да му наштет постигнаа контраефект.