За него платила 200 илјади евра – ова е новиот стан на Дара Бубамара (ВИДЕО)

0

Пејачката Дара Бубамара купи недвижнина во Нови Сад од 170 квадрати чија цена е 200 илјади евра. При купувањето на Дара и помогнал поранешниот сопруг Милан Кесиќ, што и сам потврди.

Дара и Милан се во добри односи и по разводот, а додека беа во брак живееја во луксузен стан во Белград. Како што вели пејачката, овој стан и служи само да преноќи и често го издава на странци.

-Има 130м2. Станот е сместен на мирно место, распоредот на просториите е одличен, доста функционална стамбена единица со четири спални соби. Купувањето на станот го гледам како сигурност за иднина, бидејќи имам дете и сакам материјално да го обезбедам.

Време е такво што многу работи пропаѓаат, а да имаш недвижнини е сосем друга работа, кажа Дара пред неколку години во врска со имотот кој го поседува.

Претходна статијаХеројот од Македонија: Васил од Мала Преспа кој пати од церебрална парализа со трицикл успеа да извози 30 километри
Следна статијаМигранти го блокираа граничниот премин и сообраќајот, децата извикуваат Хрватска