Весна Бејби се потсети на младоста и објави фотка од плажа – била ситничка и слабичка (ФОТО)

Фотогорафиите се едни од најубавите спомени од некои убави времиња, а кога ќе ги отвориме албумите од пред неколку години секогаш ни се враќаат мислите на периодот прикажан на фотографијата.

Денес, повеќе се застапени социјалните мрежи, отколку оние стари албуми кои ги чуваме во некој дел од домот. Така, деновиве македонската актерка Весна Бејби Петрушевска се потсети на убавите времиња во далечната 1980 година.

На својот Фејсбук, Весна објави фотографија на која е заедно со нејзиното семејство на плажа.

Вака се сликаше во 1980 година после плажа.Строго во два реда, јас сум тоа девојчето крајно десно, сестра ми до мене природно, долу мама, горе до Маја тато, напиша актерката во објавата.

Loading...