Познатиот српски новинар и уредник на порталот „NOIZZ“, Борис Триван (40) ненадејно починал денеска во Берлин каде бил на семинар заедно со своите колеги.
Како причина за смртта се наведува застој на работата на срцето. Кога лекарите пристигнале, можеле само да констатираат смрт.
Тијана Дапчевиќ беше блиска пријателка со Борис и често се појавуваа заедно на јавни настани. Погодена од смртта на својот пријател таа на социјалните мрежи напиша:
“Е МОЈ ДРУГАРИШКА, ПА КАКО БЕ ТАКА ОДНЕНАДЕШ. ПА КОЈ ЌЕ МЕ ЗАСМЕЈУВА СЕГА ДО СОЛЗИ, КОЈ ЌЕ МЕ ЗАФРКАВА ДЕКА СУМ ДЕБЕЛА И ДЕКА НИКОГАШ НЕМА ДА ОСЛАБАМ. СМРДО МОЈ, СРЦЕТО МИ ПУКНА, МНОГУ СУМ ТАЖНА, НЕ Е ФЕР… ВООПШТО НЕ Е ФЕР.. НЕКА ТЕ ЧУВААТ АНГЕЛИТЕ… ТЕ САКАМ, СЕ ПРОСТИ ОД ПРИЈАТЕЛОТ ТИЈАНА.”
Инаку, Борис Триван беше исклучително медиумски активен и посветен на социолошкиот феномен и влијанието на социјалните мрежи. На оваа тема има напишано стотици колумни и учествивал во разни емисии и дебати.