Тамара Тодевска периодов има голем повод за среќа, бидејќи пејачката и нејзиниот сопруг во декември го очекуваат нивното второ дете.
Ова лето, Тодевска беше многу активна, па покрај одморите со најблиските, таа често настапуваше, а и ја издаде и својата нова песна „Довидување таго“. Исто така гостуваше во неколку емисии промовирајќи ја песната.
По сите работни и музички ангажмани, Тодевска со оправдани причини се повлекува од музичката сцена. Викендов, заедно со нејзината сестра Тијана Дапчевиќ го одржа последниот настап пред да оди на породилно отсуство.
„Со Тијана Дапчевиќ имавме прекрасна вечер во Кочани. Ви благодарам на сите. Кончено од денес можам да кажам дека сум на трудничко боледување. Се гледаме догодина, здравје“, напиша Тамара во кратките приказни на „Инстаграм“.