Сопствениците на дизел автомобили во Германија добија само две можности – дали ова ќе се примени и кај нас

0

Коалициските партнери во германската влада се согласија на сопствениците на постарите дизел возила да им понудат две опции за решавање на големиот проблем.

Тие се договорија во градовите во кои воздухот е особено загаден да пружат можност да бираат меѓу субвенции за купување по системот „старо за ново“ и надградба на хардверот за контрола на емисиите, покажуваат документи во кои имала увид британската агенција Ројтерс.

По маратонските разговори, канцеларката Ангела Меркел и лидерите на нејзините коалициски партнери објавија дека се договориле за начинот за намалување на загадувањето во градовите, истовремено избегнувајќи ја непопуларната мерка за забрана на возење.

Иако германската влада во првичната информација не изнесе детали од договорот, во документот до кој дошол Ројтерс се наведува дека германските произведувачи на автомобили се сложиле да понудат програма „старо за ново“ со атрактивни субвенции или попусти за сопствениците на возила со стандарди на емисиите Еуро 4 или Еуро 5.

Доколку сопствениците на модели со стандард Еуро 5 сакаат да го надградат хардверот со таканаречен систем за селективна каталитичка редукција (СЦР) и доколку тој е достапен и ефикасен, германската влада очекува произведувачите на автомобили да ги преземат на себе тие трошоци, се вели во документот.

Трошоците за надградба на хардверот со СЦР системи кај доставните возила и трговските комби возила владата ќе ги субвенционира до 80 отсто, се истакнува во документот.

Според официјалните податоци, во Германија има 3,1 милион автомобили со Еуро 4 стандард и 5,7 милиони Еуро 5 дизелаши, од вкупно 46,5 милиони автомобили на германските патишта. Исплата на бенефиции за невработеност наскоро во супермаркетите.

Претходна статијаНајголемиот аеродром во светот ќе биде отворен во понеделник (ВИДЕО)
Следна статијаПроверете го мобилниот на вашето дете и ако ги има ови апликации, избришете ги