Сопругата на Саша Поповиќ: Никогаш нема да бидам дел од “Sвездите на Гранд”

0

Сопругата на Саша Поповиќ, Сузана Јовановиќ зад себе има успешна кариера, но сега повеќе е посветена на семејството и домашните обврски. Иако, Поповиќ од многу аматери направи ѕвезди, сепак не се толку трудеше и околу кариерата на својата сопруга.

Од друга страна, на многумина им е чудно што таа никогаш не се најде во улога на жири на најгледаното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“. Сузана прозбори и откри зошто не е дел од ова музичко случување.

„Јас никако не можам да бидал член, без разлика на моето музичко искуство. Како сопруга на Саша Поповиќ мене не ми е дозволено бидејќи многумина ќе мислат дека пристрасно ги оценувам кандидатите“, изјави Јовановиќ.

Инаку, неодамна започна новата сезона на овој музички натпревар каде што ќе има и македонски кандидати.

Претходна статијаКумановката Ивона, поранешен учесник, жестоко удри по Sвездите на Гранд
Следна статијаЖељко и Јована со голем повод за славење