Ристе Ристески одлучи да ги спакува куферите и да си замине од родниот Охрид (ВИДЕО)

0

Ристе Ристески сите го паметиме по неговата победа во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Уште од самото појавување на музичката сцена, Ристе ги освои симпатиите кај публиката и важеше за еден од фаворитите. По победата, тој имаше многу бројни настапи во Македонија, а ја снимија и својата прва песна „Добро јутро тајно“.

Но, сега Ристе се одлучи да ги спакува куферите и да си замине од родниот Охрид. Имено, македонскиот победник се пресели во Белград каде што ќе може да се посвети на својата кариера.

Во емисијата „Гранд магазин“, тој истакна дека веќе седум дека е во Србија и дека полека се подготвува за нови професионални проекти.

„Јас сум тука веќе една недела, земав стан“ изјави Ристе и додаде дека досега не се преселил бидејќи имал настапи во Македонија. Тој исто така објасни дека работи и на својата нова песна.

Погледнете го целото интервју:

Претходна статијаКако бе не ви е срам, Моника за 15 грама трава во затвор, а Горде со пресуда од шест години на слобода
Следна статијаА кој не би сакал да го види: Луксузниот дом на Конор Мек Грегор (ФОТО)