По бурата од разводот Елена Велевска покажа како ужива и што ја прави среќна

Фолкерката Елена Велевска минатиот месец беше присутна во македонските медиуми, а главна тема беше дека пејачката се разведува од својот сопруг Марјан, што многумина ги изненади оваа вест со оглед на тоа дека Велевска во своите интервјуа потенцираше дека сопругот и е голема поддршка.

Пејачката на својот Фесјбук потврди дека ставила крај на бракот поради семејното насилство и одлучи да не зборува повеќе за својот приватен живот.

Велевска често е активна на социјалните мрежи, па често знае да сподели фотографии од своите активности.

Иако за многумина од нас летото и летните одмори веќе завршија, за македонската фолкерка дефинитивно летото се уште трае.

Некои личности знаат да го искористат септември за полнење на батериите и да заминат на одмор кога на плажите е намален бројот на посетители.

Велевска на својот „Инстаграм“ сподели фотографија во жолто бикини од плажа во Грција и го покажа своето згодно тело.

Друштво и прави нејзинта ќерка, а фолкерката сподели заедничка фотографија и напиша: Кога утрото ќе ти започне со вистинска љубвв.

Извор: Вистина

Поврзани вести