Нова кривична пријава за Љубен Арнаудов, пратеникот од ДПМНЕ кој гласаше за уставните промени

0

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Љубен Арнаудов кој пред две недели беше пуштен од куќен притвор, денеска доби нова кривична пријава од полицијата поради злоупотреби во охридската болница. Според полицијата, пријава е поднесена против 60-годишниот Арнаудов поради „несовесно работење во службата“ додека бил в.д. директор во Општа болница Охрид.

,,Полицијата поднесе кривилна пријава против О.Л. од Струга за злоупотреба на службената положба како шеф на отсекот за комерција и јавни набавки во Општа болница Охрид.

Во годишниот план за јавна набавка за 2015 година во Општа болница Охрид за јавна набавка на канцелариски материјали биле одобрени 1,8 милиони денари, додека О.Л. изготвила одлука за два милиони денари. По спроведената јавна набавка биле потрошени 2.186.346 денари, односно 386.346 денари повеќе од предвидената сума.

Кривична е поднесена и против М.К.(59) од Охрид, помошник-директор за економски работи, и против Љ.А.(60) од Охрид, поранешен в.д. директор во Општа болница Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“, односно дозволиле парите да бидат исплатени”, соопшти МВР.

Арнаудов, кој е обвинет за ,,крвавиот четврток” беше пуштен од куќен притвор и ќе се брани од слобода со 300 илјади евра гаранција. Скопска Апелација му ја прифати гаранцијата на Арнаудов кога претходно кривичниот совет на кривичниот суд го одби ваквото барање.

Извор: Република

Претходна статијаДоаѓа големиот празник: Ако не сте дома на овој ден, цела година ова ќе ви се случува!
Следна статијаОткриени нови моменти: Виновник за несреќата на Дарко Лазиќ е негов пријател