Многу пари направив во Катар, ама за жалење сме ние Македонците

0

Македонија како држава, а особено Македонскиот претседател Ѓорге Иванов, последниве години воспостави одлични односи со Емирот од Катар. Токму поради тоа, многу нашинци, одлучија да си ја испробаат среќата во оваа Арапска земја.

-Ние Македонците сме живи баксузи. Вечно работиме за други, додека на нив им паѓаат пари од небо без никаков труд, ова во изјава за медиумите го вели Иван (27), кој работел месец дена во Катар.

Отишол таму воден од приказните за „ветената земја“, се вратил со 6 000 евра на сметка, но повеќе од разочаран.

-Нафтата и гасот го направија Катар најбогата земја на светот. Според податоци на ЦИА, отприлика 14 отсто од домаќинствата во Катар се доларски милионери, а невработеноста е само 0,1 отсто. Не постои данок-не го плаќаат ниту странците. Токму затоа, нашите луѓе избираат да одат во Катар како би заработиле многу пари.

Пред помалку од еден век, Катар живеел во крајна сиромаштија, за да денес стане лидер во богатство. Образованието е бесплатно, како и здарвствената заштита. Работата и живеалиштето се гарантирани. Вода и струја се бесплатни. Гледајќи од надвор, се е совршено.

-Сето тоа убаво звучи, но после неколку дена сфатив дека сум згрешил што си ги спакував куферите. Таму и за најмалата грешка ако не ги исполниш нивните нереални очекувања само ти врачат карта за враќање дома-се сеќава на своето искуство.

Вели дека не е важно дали таму отидете како келнер, фитнес инструктор, спортист или менаџер на хотел. На сите им се достапни сите услови. Сауни, масажи, базени, третани, скапа храна…ништо не е проблем. Имаат премногу пари и се однесуваат лошо бидејќи можат се да купат посебно работна сила.

-Да имаме ние такви услови во Македонија, никој не би можел да не победи во ништо. Имаат пари, но не и знаење и способност. Затоа не земаат нас. Ние Македонците сме баксузи. Вечно работиме за дриги, додека на нив им паѓаат пари од небо без никаков труд-додава Иван.

-Повеќе од било која друга држава, се се врти околу парите. Во мојот случај, после првиот работен ден, додека уште се запознавав со работата, не биле презадоволни и само ме известија дека ми е купена карта за враќање.

-Ме изненадија бидејќи во Македонија дадов отказ, оставив се за да дојдам во Катар. А тие ги „сечат“ луѓето без размислување-искрен е Иван. Токму поради тоа, Македонците меѓу себе во Катар се шегуваат дека торбите веќе им се спакувани, а тие подготвени за тргнување.

Се додава дека слушнал многу такви приказни, дека луѓето доаѓале и останувале само по неколку дена. Тој имал среќа, па останал цел месец и заработил барем нешто. Најлошо им е на спортистите кои на секој натпревар мора да дадат по пет голови, инаку ги пакуваат куферите.

-Имав впечаток дека тие се незадоволни поради животот кој моментално го водат. Парите во нивната земја привлекле луѓе од целиот свет, им се променил начинот на живот, а сите знаеме колку тие држави се затворени.

-И сега како да ни се одмаздуваат со таквото однесување, а сами не бараа. Затоа и си играат со луѓето и ги менуваат како на лента, вели тој. По враќањето во Македонија, му требало време да го врати животот во нормала и дека не е сигурен оти повторно би се осудил на таква одлука.

-Кога пријателите ме прашаа дали и тие да одат, на сите им реков дека можат да се впуштат во тоа само ако имаат силен желудник. Парите се трошат брзо, но чуството некој да те третира како ѓубре, испарува многу побавно-заклучува Иван.

Претходна статијаМигранти го блокираа граничниот премин и сообраќајот, децата извикуваат Хрватска
Следна статијаАрсим Зеколи: Мицкоски ја растури белградската агентура