Митко Јанчев: И се заканија на мојата сопруга, затоа вечерва одлучив не гостував на ТВ 24

0

Митко Јанчев вечерва не дојде на гостувањето на телевизија 24, бидејќи добил закани по живот на неговата сопруга ако се појави во емисијата. Тој потоа телефонски се вклучи и објасни што се случило.

-Последниот месец дена константно добиваме закани на Фејсбук и по СМС. Меѓутоа денеска добивме закана по телефон на мојата сопруга и тоа беше причината да сакам да останам вечерва со семејството. Јас имам пријавено во полиција.

Пред референдумот имав закани дека ако излезалм, ќе цитирам: На Јанев во сон му се јави татко му и му рекол дека ако гласа за брзо време ќе се видат. А, мојот татко е починат од 2005 година.

Ми се чини дека Фејсбут ботовите се лажни ботови, а СМС пораките се пријавени броевите така да очекувам да се откријат. Сум разговарал за ова со Мицкоски и сега пред 5 минути, тој ме уверува дека не е од негова страна и од страна на ВМРО-ДПМНЕ и би сакал да верувам во тоа. Би сакал моето семесјтво да може да функционира нормално, рече Јанчев.

Претходна статија(ВИДЕО) Пријовиќ “У другом стању” се фати за микрофон и растури на приватна журка
Следна статијаИгор Џамбазов: Моја целна група жени се разведени, оставени, немажени и млади пензионерки