Профит. Поим кој цела маркститичка комуњарска збирштина на џукели од разни образовни и државни институции цели 100 години во континуитет се обидува да го демонизира и претстави како нешто лошо, или неморално. Што секако е голема комуњарска глупост.
Значи ПРОФИТ, реалноста е следна. Човекот нема канџи да лови плен, нема крзно да го заштити од студ, човекот не е животно и во служба на својот опстанок го има исклучиво својот УМ, свест , односно мозок. Секако, човекот има физичка сурова сила преку која создава и работи.
Но пред се, дали треба да биде ангажирана сурова сила за да произведе храна или за да произведе платно за да се облече или набави огрев за да произведе топлина и ја преживее зимата, човекот пред се, пред сите овие физички зафати тој во неговата ментална свест има некаков план, мисла идеја како да го изведи сето тоа и го стави во служба на СВОЈОТ ИНТЕРЕС.
Најважната на одлика на здравиот разум е кога ке планира било каква активност истата да биде совршено добро изведена и од неа да се извлече најголема добивка!
Значи ПРОФИТОТ е најсилен и основен мотиватор и двигател на човековата акција и предуслов за просперитет. А комунизмот и левицата се стремат да го уништат овој основен животен мотив!
Профитот е прв знак дека нешто сте сработиле како што треба. Остварувањето на ПРОФИТ гарантира напредок и продолжување на позитивниот бизнис циклус. Преку профитот продолжува животот. Загубата е обратно. Ако според комуњарите да речеме дека профитот не е најважен, тогаш што ке се случи во отсуство на ПРОФИТ?
Без профитот човекот не може да ги обезбеди своите животни потреби, без профит згаснува капиталот се затвораат фабрики, работниците остануваат без работа, пазарот без производи, држвата без даноци. Буквално, без профит почнува крах и умирање на општеството.
Капиталот создава профит и е најмногу профитабилен во оние општества во кои профитниот мотив е на прво место и капиталот е најслободен со минимум државен товар! Тие просперитетни општества јас ги поврзувам и опишувам само со еден збор – КАПИТАЛИЗАМ!
За да човекот го оствари најдоброто за себе и создаде највисок Профит тој прво и основно треба да биде слободен! Слободен да мисли, да делува и слободен да инвестира и создава!
А СЛОБОДАТА не е идеал на комуњарските уредувања. СЛОБОДАТА е директна причина за постоењето на КАПИТАЛИЗМОТ!
Мартин ЏОН, Дипл. Електро Инженер