Пејачот Дарко Лазиќ доживеа страшна сообраќајна несреќа од која е во вештачка кома поради повредите кои се опасни по неговиот живот. Неговата девојка Марина Гагиќ не може да дојде на себе поради големата несреќа и во изјава за српските медиуми вели:
-Сакам да му кажам дека го сакам најмногу на светот и дека ќе бидам покрај него до крај, вели Марина.
Таа не се одвојува од родителите на пејачот и се уште се во исчекување на дијагноза од лекарите.
Потсетуваме, Лазиќ има повеќе повреди: скрешана му е вилицата, колкот излезен од лежиштето, скршени ребра.