Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката е едногласна, ниту еден наш пратеник нема да гласа за

0

Апсолутно сметам дека е добро да влеземе и сакам да влеземе во НАТО ама да го ставаме тоа во корелација дека некој ќе не нападне или дека ќе има војна и да ги плашиме граѓаните во отворено студио сметам дека не е во ред, вели Игор Јанушев, Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ во денешното негово гостување во емисијата Топ тема на ваша страна на телевизија Телма.

Јанушев додаде дека ги почитува граѓаните и нивниот став кои го искажале на референдумскиот ден и кои излегле на гласање, но побара и истакна дека мора да се почитува ставот и волјата на еден милион и 200 илјади граѓаните кои не излегле на гласање, додавајќи дека еден милион и 200 илјади се дупло повеќе од 600 илјади граѓани кои излегле на гласање.

Јанушев нагласи дека одлуката на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е едногласна за негласање на уставните измени во Собранието на Република Македонија.

Уште пред два месеца, ние кажавме дека доколку референдумот е неуспешен ние нема да ги поддржиме уставните измени. Втора работа е едека нашите пратеници не се на дугме, имаме секојдневна координација и комуникација со нив и заеднички со сите нив го изградивме ставот уште пред да биде референдумот, само го потврдивме после референдумот. Референдумот е неуспешен и нема гласање во Собранието, потенцираше Јанушев.

Претходна статијаПетта заповед: За подолго да поживееш на земјата, почитувај ги родителите и следи ги овие постулати
Следна статијаПратеници од ВМРО-ДПМНЕ добивале закани по СМС – ги повикуваат Заев и Мицкоски да седнат и да се договорат