Никола Груевски го нема на снимките за излез од Македонија

Досегашните податоци обезбедени во предистражната постапка одат во прилог на сомнежот дека Груевски ја напуштил Македонија преку илегален премин, дознава Дојче Веле неофицијално од извори во истрагата.

„Наводно во критичните денови тој не бил регистриран од камерите дека излегува од Македонија на некој од граничните премини.

Но, за целосна потврда, неопходен е и прегледот на снимките што за потребите на истрагата деновиве треба да стигнат од соседна Албанија.

Она што засега може да се смета за сигурно, е дека Груевски последниот период го поминал во испраќање писма до десетина амбасадори на земји-членки на ЕУ, при што на повеќе од 20 страници објаснувал зошто судскиот процес против него го смета за политички прогон.

Тој во истата преписка барал и средба со амбасадорите на кои им се обратил, но освен со унгарскиот и евентуално со уште еден, не остварил средба со другите, ниту добил одговори на писмото“, објави Дојче Веле.

Loading...